Борбата против дезинформациите, енергетската безбедност и евроинтегративниот пат на Македонија – биле главните теми на средбата Ковачевски – Блинкен во Вашингтон.
Американскиот државен секретар ја повторил силната поддршка за членство на земјава во Европската Унија, и изразил благодарност за придонесот кој Македонија како НАТО сојузник го дава за време на војната во Украина. Блинкен дополнително истакнал дека САД цени соработката која ја има со Македонија имаат низ годините и порача дека очекува веќе постоечкото стратешко партнерство дополнително да се зајакнува.
-Имаме силно партнерство со Македонија, неверојатно ценет сојузник во НАТО во време кога тоа навистина е важно. Ние сме многу благодарни за вашата солидарност, вашето лидерство за Украина и помагањето да се одбрани од руската агресија. Длабоко го цениме и вашето лидерство во моментов во многу предизвикувачки период на ОБСЕ што прави вистинска разлика. И ние силно, силно го поддржуваме патот на Македонија во Европската унија, вели Ентони Блинкен – Државен секретар на САД.
Премиерот Ковачевски пак оцени дека стратешкото партнерство со САД дава резултати, а благодарение на поддршката и сојузништвото од официјален Вашингтон, Македонија донела храбри одлуки кои, пред се, овозможија членство на земјата во НАТО. Клучно за тоа, според Ковачевски е системот на вредности кој според него, го делат двете држави.
-Македонија ги цени Соединетите Држави како близок и доверлив пријател, како сојузник во НАТО и важен партнер на нашиот пат кон членството во Европската унија и признава дека постои фактор на стабилност во регионот. Ние сме горди на нашето партнерство, изјави Димитар Ковачевски.