Рускиот и американскиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Ентони Блинкен во телефонски разговор се согласија да се состанат следната недела на маргините на самитот на Арктичкиот совет, соопшти Москва.
Лавров и Блинкен се согласија да одржат посебен состанок на маргините на состанокот за да разговараат за клучните билатерални и меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Министерскиот состанок на Арктичкиот совет ќе се одржи на 20 мај.
Тие денеска разговараа и за Северна Кореја, иранската нуклеарна програма и „стратешката стабилност“, се вели во соопштението од Москва.