Израел ќе ги искористи сите можности да ги врати заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој ова го изјави по средбата со претставници на семејствата на заложниците.

Нетанјаху нагласи дека ослободувањето на заложниците е главната цел на војната, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Клучно е нивото на притисок. Колку е поголем притисокот, толку се поголеми шансите (за ослободување на заложниците)“, рече Нетанјаху за време на состанокот со претставниците на семејствата на заложниците.

Претставниците на семејствата кои ги држи Хамас како заложници побараа ослободување на сите палестински затвореници во Израел, во замена за ослободување на членовите на нивните семејства.

„Вратете ги сите сега“, рече Меирав Лешем-Гонен, чија 23-годишна ќерка Роми беше киднапирана на 7 октомври. Тој истакна дека претставниците на семејствата на затворениците го молеле Нетанјаху да не започнува воени операции кои можат да ги загрозат затворениците.

Нетанјаху денеска се сретна со семејствата на заложниците кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври за време на инвазијата на јужен Израел.

Семејствата на заложниците претходно предупредија дека ќе протестираат доколку израелскиот премиер Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант не се сретнат со нив.