За темите што ќе се најдат на агендата на следниот самит на ЕУ меѓу кои и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, денеска разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, станало збор за Брегзит и последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, за проширувањето на ЕУ и односите на Европската унија со Турција во однос на активностите во источниот Медитеран и во однос на бегалското прашање.
Доналд Туск оствари средба и со лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас.