Стефан АНДОНОВСКИ
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се работните средби во Стејт департментот
Утринава се сретнав со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO) прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
Разговаравме за продлабочување на билатералната соработка во клучни области:
-Сајбер безбедноста и дигиталните политики
-Привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста
-Доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура
-Отпорност и доверба
Заедно со македонската делегација предводена од Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретнавме со Daniel J. Lawton, заменик помошник Секретар во Стејт департментот. Оваа средба е значаен чекор кон зајакнување на нашата соработка, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу САД и Македонија.





