Во Софија вчера и денеска се одржа 33. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.
Како што соопштија од новиот македонски тим Комисијата, средбата помина во конструктивна работна атмосфера со интензивна расправа за прашања од делокругот на работата на Комисијата.
„На средбата стана збор за евентуални заеднички чествувања; дискусија за препораки за македонските учебници за VII одделение; утврдување на динамиката на работа за првото полугодие за 2025 година; Комисијата го усогласи текстот за Нацрт-записникот од 27 седница“, стои во соопштението.
Следната средба на Комисијата ќе се одржи кон крајот на февруари 2025 година во Скопје.
Во Скопје кон крајот на октомври се одржа средба на Мешовитата комисија, што беше прва на новиот состав на македонскиот тим со нивните колеги од бугарска страна. Копретседавачат на бугарскиот тим Ангел Димитров по средбата, рече дека таа „повеќе била за запознавање“ и „од технички аспект“.