Средба со Амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, објави премиерот на Република Македонија Христијн Мицкоски.
Разменивме мислења за тековните политички и економски прашања, како и европските интеграции.
Франција е наш значаен партнер и пријател. Заедно се обврзавме за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.
Очекувам продолжување на одличната соработка и реализација на заедничките проекти кои ќе придонесат за подобра иднина за сите нас, пишува Мицкоски во својата објава.