Срдечна и пријателска средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц, информираше преку „Фејсбук“ македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Мицкоски истакна дека разговарале за европскиот пат на државата и за предизвиците со кои се соочува регионот и Европа.
Средбата со германскиот канцелар ја искористив да разговараме и за државните интереси, јакнењето на демократијата, како и за големиот потенцијал за економска соработка помеѓу Германија и Македонија, додава тој.