Денеска (01.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер.
Министерот Тошковски изрази благодарност кон амбасадорката на САД за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави постојано и ја дава на Република Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата, со акцент на обуки на персоналот и набавка на опрема.
Како една од стратешките цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе биде фокусирано во следниот период министерот Тошковски ја посочи борбата против организираниот криминал и корупцијата, како приоритет што е еден од главните столбови на владината програма.
Амбасадорката на САД, Агелер му се заблагодари на министерот Тошковски за континуираната одлична соработка на Република Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и соработка и во наредниот период.