По потпишувањето на Договорот од Преспа, нашите две земји треба да покажат пример за соработка во заштитата на животната средина, му рече на денешната средба градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Како што информира Министерството, Нуредини и Бутарис дискутирале за европските програми за заштита на природата и животната средина и можностите за заеднички настап при аплицирање за воспоставување едукативен центар за животна средина.

Нуредини изрази подготвеност и отвореност за соработка и истакна дека МЖСПП е на располагање за продолжување и проширување на соработката со Хеленската Република во областа на животната средина.