Средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP), Патрик Волер, информира премирот Христијан Мицкоски кој се наоѓа на Конгресот на ЕПП.
Разговаравме за улогата на ЕПП во поддршката на демократските процеси во регионот и зајакнување на политичката соработка на европско ниво.
Се сретнавме и со австрискиот канцелар Кристијан Стокер, разговор исполнет со заемно почитување, поддршка и визија за зајакнување на соработката меѓу двете земји. Допревме важни теми поврзани со европската перспектива, регионалната стабилност и потенцијалот за конкретни заеднички проекти. Ваквите средби се потврда дека дијалогот и партнерството се клуч за напредокот.
Денеска беше остварена значајна средба со г. Сали Бериша, поранешен претседател и премиер на Република Албанија, како и долгогодишен лидер на Демократската партија, објави Мицкоски.
Средбата претставуваше можност за размена на мислења и ставови за актуелните политички и општествени процеси во регионот, како и за унапредување на соработката и разбирањето меѓу соседните народи.
Разговаравме и за предизвиците со кои се соочуваат демократските сили на Балканот, како и за потребата од зајакнување на европските вредности и стабилноста во регионот.