Од денеска, Твитер профилот на д-р Роберт Малоун, еден до најголемите светски научници во областа на вирусите и вакцините, е суспедниран и недостапен.
Ова е невиден срам, бидејќи токму Малоун е човекот кој ја измисли мНРА технологијата врз основа на која функционираат вакцините како таа на Фајзер и на Модерна.
Сепак, тој не се стеснуваше да каже дека овие вакцини не се добри, исто ако и вакцините кои функционираат врз принципи на аденовирус како носач, а такви се Џонсон и Џонсон, Астразенека и руската Спутник.
Тој не антиваксер, напротив, но сметаше дека со овие вакцини треба да се вакцинираат само повозрасните и хронично болните, додека за сите други треба да се применува ран третман, со протоколи во кои е вклучен ивермектин, хидроклорискин, фамотадин (фамосан) итн.
Тој е еден од најголемите критичири на Антони Фаучи кого го нарекуваат „бог на пандемијата“. Долго време истакнуваше дека е мошне внимателен во изјавите, бидејќи не сака да биде цензуриран, но на крајта, се случи токму тоа.
Одамна е забранет и на Ју туб, а нема ФБ профил. На Твитер имаше половина милиони следбеници.
Никогаш не се изјасни за потеклото на САРС КОВ 2 вирусот, но индиректно ја раскажа приказната, со пораката – сами заклучете. Според него, на 4 јануари му се јавил Мајк Калахан. Исто така еден од врвните светски вирусолози и му рекол да спреми тим, зашто имаат проблем со вирусот. Калахан, како што тврди Малоун, е офицер на ЦИА, а во Вухан бил во последните три месеци од 2019 година. Бил извлечен од градот од луѓе на Комунистичката партија на Кина, со брод, неколку часа пред Вухан да биде затворен.
Малоун стана вирален пролетта, откако имаше еден подкаст со Брет Венстајн и Стив Керш. Првиот е биолог, а вториот претприемач, кој заработил неколку стотини милиони долари со иновација на некаков компјутерски „маус“, но ја оставил својата работа и вложил свои пари посветувајќи се на пронаоѓање ран третман против Ковид концентријаќи се на еден антидепресевен лек кој се нарекува флувоксамин.
Во тој подкаст, кој бргу беше забранет, Малоун потврди дека спајк протеинот е токсичен (зборуваа за вакцините, но нема разлика меѓу тој создаден од вакцините и тој внесен преку природно заразување што ја прави проблематична и неговата теза теза дека не е проблем ако децата се заразат) и коменитра еден документ од истражувањата кој покажува дека вакцината на Фајзер не станува во рамото, туку циркулира низ целото тело.
Во секој случај, оваа цензура на еден од најголемите светски умови во оваа област е вистински скандал, рамен на тој кога Твитер го суспендираше налогот на Доналд Трамп откако се уште беше претседател.
Тој ја прифати тезата на научникот Герт ван ден Бош дека новите мутации на САРС КОВ 2 се резултат на несовршените вакцини и дека последните месеци ни се случува пандемија на вакцинираните, а не пандемија на невакцинираните.
На страниците на Денешен публикувавме неколку интервјуа на Малоун давани за странски медиуми, а ова е последните две се со Дана Лоеш и Викторија Кирилинеко:
м