Србија има 69 дипломатски претставништва во светот, а речиси во половина на амбасадорите им е истечен мандатот или им е на завршување, па наскоро ќе бидат заменети, пишува срспки Блиц.
Некои дипломатската мисија ќе ја продолжат во други мисии, а за неколку амбасади нема конкретни решенија. Интересно е што тројца поранешни шефови на српското разуизнавање (БИА) стануваат шефови на мисиите во Виена, Скопје и во Сараево.
Како едно од поинтересните имиња кои подолго време се вртат по медиумите е новинарот и аналитичар Мирослав Лазански кој веќе се гледа како амбасадор во Русија, кој е претставен како познат русофил наклонет кон Путин.
Некогашниот директор на БИА, Раде Булатовиќ, од Украина ќе биде префрлен во Скопје на местото на Душанка Дивјак Томиќ.
Александар Ѓорѓевиќ, истот ака поранешн шеф на БИА, ќе биде нов амабсадор на Србија во Сараево.