Српската агенцијата за лекови и медицински помагала соопшти дека одобрила употреба на вакцината Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години, јави дописникот на МИА од Белград.
-Потврдено е дека се исполнети сите законски услови – а пред сè дека се исполнети највисоките професионални критериуми поврзани со безбедноста и ефикасноста – и е постигнат заклучок дека оваа вакцина може да се користи кај популација на возраст од 12-15 години во Република Србија, се наведува во соопштението на Агенцијата за лекови, пишува Нова.рс.
Како што е наведено, по позитивно мислење од комисијата за хумани лекови, АЛИМС ја одобри употребата на вакцината Комирнати против Ковид-19, произведена од Фајзер/БиоНтек, за возраст од 12-15 години.
Се додава дека во наредните денови ќе бидат променети составните делови на дозволата – Резиме на карактеристиките на лекот и Упатствата за пациентот, што исто така ќе биде објавени на веб-страницата на Агенцијата.