Српската манекенка и поранешна водителка Марија Ќурчиќ (25) е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Белград. Тамошните медиуми информираат дека безживотното тело на Марија е пронајдено утринава и дека станува збор за самоубиство.
Атрактивната девојка, по потекло од Конго, студирала односи со јавност, а во светот на модата се нашла случајно откако еден фотограф ја забележал на „Фејсбук“. Нејзината мајка е Африканка, а татко ѝ Србин. Нејзиниот дедо бил Амбасадор кога ја запознал нејзината баба, исто така Србинка. На шега им изјавуваше на новинарите дека е Афросрбинка.
Марија беше водителка на локалниот Ем-Ти-Ви канал, модел и заштитно лице на повеќе белградски клубови, често ангажирана во рекламни и музички спотови.
Една од последните фотографии што ја објави на Инстаграм е селфи со бразилскиот фудбалер Роналдињо. „Остварување на детските соништа“, напиша таа под фотографијата.