Српскиот владика Стефан Шариќ, викарен епископ на патријархот на СПЦ Иринеј, вели дека патријархот кој е заразен со коронавирусот е добар и дека за него се грижи најдобриот тим на лекари.
Тој изјави дека Иринеј е во добра здравствена состојба, имајќи ја предвид неговата возраст.
„Тој поради сигурност ќе остане во болница сè додека не поминат тие 14 дена, бидејќи патријархот е некој што, ако сега ја напушти болницата, ќе продолжеше со своите активности. Ние го молевме да остане таму”, вели владиката Стефан за РТС.
Да потсетиме, патријархот на Српската православна црква, Иринеј, беше примен во Воената болница „Карабурма“ во Белград на 4 ноември, по тестирање со кое беше утврдено дека е заразен со коронавирусот.