Мерењата во Централ Парк во Њујорк покажаа дека дождот соборил историски рекорди.
На мерната станица во Централ Парк, измерена е висина на водата од неверојатни 217 сантиметри. Претходниот рекорд изнесуваше 117 сантиметри и регистриран е во 1927 година. Нивото на водата во Централ Парк се мери од 1869 година.
Предупредувања за поплави се издадени за подрачјата на шест други американски држави (Конектикат, Мејн, Масачусетс, Њу Хемпшир, Род Ајленд и Вермонт
Предупредување за голем дел од овие шест држави издаде Метеоролошката служба на САД, во кое се наведува дека нивото на водата на некои реки и потоци продолжува да расте и е многу веројатно тие да се излеат од своите корита.
Нивото на водата на реката Шујлкил во државата Пенсилванија, во близина на Филаделфија, расте незапирливо. Таа достигна три метри, а според временската прогноза, може да се зголеми уште еден метар.