Работат по 12 часа дневно и на минусни и на пеколни темератури, а платите кои ги земаат, според Синдикатот, се мизерни. Работниците ангажирани за изгардба на автопатиштата, пратиле неколку претставки до Синдикатот. Работодавачот Бехтел и Енка им ги намалил платите без никаков основ, објавува ТВ Сител.
Без согласност на работниците им се намалени платите. Иако работата во екстремно лоши услови, се мизерно платени. Работат над 60 часа неделно, работат прекувремено, а земаат плати како просекот во гардежништвото – 40 до 45 000 денари. За толку работни часа тие треба да земаат околу 2.000 евра плата вели Иван Пешевски, потпрестедател на ССМ.
Прв пат годинава, бројот на вработени во градежништвото е под 50 илјади. Пред 7,8 години, овој сектор броеше над 60 илајди лица. Но, поради лошите услови и ниските плати – дел заминаа да работат во странство, дел во други, поплатени дејности. Проблемот со недостигот на работна сила, според ССМ, може да се надмине само ако работникот е добро платен.
Се додека платите се ниски – ќе фалат работници.
Проблемот е од поодамна, затоа што си заминаа нашите работници. Увезените од Непал и Индија гледаме дека не го решаваат проблемот. Тие дојдоа, и со платена храна и сметсување си заминаа, затоа што видоа дека со 500 евра плата не се живее кај нас, додава Пешевски
Вчера и Советот на странски инвеститори алармираше дека секоја втора компанија има проблем да најде кадар. Брзо штом се вработат, работниците си одат, но напуштаат и поради заминување во друга земја, се пожалија компаниите. Недостигот од дома, 17% од инвеститерите го компензираат со вработени од странство.