Во централниот Дневник на телевизија Алсат М, гостуваше пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска која фокусот го стави на Извештајот на ЕУ која истакна дека е документ кој има многу позитивни страни а тоа е меѓу културната соработка подобрувањето во делот на правосудството, и дека тоа е навистина за пофалба.
Таа се осврна и на криминалот кој што во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ на прес- конференции го презентираше и во однос на резултатите за одредени криминали, посочи дека предметите треба да се предадат во обвинителството без да бидат вмешани политички структури и сета таа задача да биде завршена коректно.
“Јас сметам и јавноста исто така предметите треба квалитетно да се дадат на обвинителството со подржани докази со квалитетно направени истраги и цела таа процедура да биде завршена професионално. Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ беше против криминалот во Македонија во кампањата и те како многу ги спомнувавме криминалите. И Ковачевски ги имал правено и да не го заборавиме името и презимето Зоран Заев исто така треба да има многу голема одговорност. Во оваа држава еднаш засекогаш треба да има владеење на правото, почитување на законите и уставот“, изјави Стаменкоска Трајкоска.
Пратеничката зборуваше и за злоупотребата и несовесното работење на претходната владина гарнитура при што посочи конкретен пример за Артан Груби кој од неговото министерство исплаќал пари на фирмата на неговиот брат.
„Јас ќе ви кажам еден личен примен на несовесно и нетранспарентно работење, а тоа дека од Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, е исплаќано на ЕТЦ травел, која е сопственост на братот на Артан Груби кој тогаш бил министер, истакна пратеничката.
Стаменкоска Трајкоска се осврна и на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања и наведе дека однесувањето на пратениците на ДУИ со неучество на седницата претставува несериозно однесување на една голема партија.
„Транспарентите на ДУИ не можам да коментирам но ќе коментирам за начинот на кој го направија многу несериозно, зашто едно е само да се излезе на седница и да се покажат транспаренти а да не се присуствува на седницата целиот ден и колегите од својата политичка партија да бидат оставени сами на себе“, рече Стаменкоска Трајкоска.