Остварив средба со здружението „До бебе по патот на ИВФ“, каде разговаравме за мерката што веќе ја има донесено Владата на Република Македонија за обезбедување на 6 бесплатни инвитро постапки за парови со неплодност, објави на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.

Оваа мерка, која беше веќе усвоена и поддржана од нас пратениците во Собранието.

Сметам дека е од огромна важност за паровите кои се соочуваат со проблеми во репродукцијата и ќе им овозможи нова шанса за создавање на семејство.

Оваа иницијатива е значаен чекор во зголемувањето на наталитетот и создавањето поволни услови за семејствата во нашата држава.

Со вакви мерки, многу парови ќе добијат можност да ја остварат својата желба за дете, што ќе има позитивно влијание на целото општество, пишува во својата објава Стаменкоска Трајкоска.