Кандидатката за градоначалника на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, на покана од генералниот секретар на Социјалистичката партија на Македонија, Иван Митровски, оствари конструктивен и важен состанок.

На мое големо задоволство, разменивме идеи, ставови и конкретни предлози со јасна цел – зајакнување на нашето партнерство и создавање подобри услови за сите граѓани, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека детално разговарале за тековните предизвици и за заедничките мерки што може да ги реализират, со акцент на подобрување на квалитетот на животот во општината.

Продолжуваме да работиме посветено, обединето и транспарентно, секогаш ставајќи ги интересите на граѓаните на прво место, објави Стаменкоска Трајкоска.