Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, беше на кафе-дружба со носителката на советничката листа, Светлана Колариќ, претседателот на ОК, Иван Живковски, и идните советници од коалицијата „Твоја Македонија“.
-Ова беше уште една прекрасна прилика да ги споделиме нашите идеи, визии и стратегии за подобра Кисела Вода. Со силна енергија и непоколеблива решеност, целосно посветени на граѓаните, веруваме дека оваа коалиција е вистинскиот пат кон остварување на нашите заеднички цели, објави Стаменкоска Трајкоска.
Подготвени сме за победа – за наша Кисела Вода, истакна Бети Стаменкоска Трајкоска на својот фејсбук.