Стар грчки метод за лекување на депресија и вознемиреност се засновал на питагоринскиот начин на живот.

Овој животен стил вклучува развој на здрави навики, правилна исхрана, редовно вежбање и развој на сопствениот ум.
Старите Грци верувале дека е потребно секој ден да се грижите за вашето тело и ум. Денес, депресијата и вознемиреноста станаа еден од најсериозните здравствени проблеми на човештвото.

Еве како Грците лечеле депресија:

Диета

Воведете во исхраната намирници богати со омега-3 масни киселини: ореви, маслиново масло, лосос, чиа семе, ленено семе.

Неодамнешните студии потврдија дека овие масни киселини делуваат и како невропротективна супстанција.

Вежбајте редовно

Старите Грци го вежбале умот, како и телото. Не с=ги разделувале едно од друго. Тие практикувале вежбање во природа, но и активен начин на живот.

Сончева светлина

Ова е еден од главните елементи на старата грчка медицина за депресија. Ако размислите внимателно, ќе сфатите дека ретко излегуваме на сонце. Седиме на нашите работни места, под вештачко осветлување и сме опкружени со електронски уреди. Овој вид осветлување негативно влијае на спиењето, а со самото тоа и на здравјето. Ако не сте во можност да бидете на сонце, барем земете витамин Д во капки.

Почесто правите го она што ве одделува од негативни чувства

Старите Грци сфатија дека задоволството е релаксација! Поминете повеќе време правејќи го она што ве тера да ги заборавите вашите грижи. Дозволете си да бидете слободни, среќни и креативни.

Дијалектика

Тоа е вештина за учење, усвојување, дискутирање и „пребарување“ за најразлични идеи и пронаоѓање на смислата на животот. Многу е важно да се дружите со луѓе кои ви годат психички. Да разговарате со оние кои немаат исто мислење како вас, за да се активирате психички. Луѓето од различни социјални кругови можат да ви постават нови предизвици  и така да ве оттргнат од секојдневието.