Шкотска мора да одржи референдум за независност во 2020 година и наскоро ќе ги бара овластувањата што им се потребни за да се направи законски, изјави денеска лидерот на Националната партија на Шкотска, Никола Старџен.
– Наша работа е да донесеме независност. Мојот апел е дека референдумот мора да се одржи следната година. И ние се подготвуваме, рече Старџен на конференцијата на водечката шкотска партија во Абердин.
Таа најави дека ќе побара трансфер на овластувањата до крајот на годинава, што не остава сомнеж во законитоста на референдумот.