Марион Шелтон (90) од Вирџинија во пожар изгуби се, освен Библијата, која ја имала 75 години.

Кога во нејзиниот мобилен дом избувнал пожар, таа „не знаела што се случува”.

„Се обидував да излезам, бидејќи не можев да дишам”, рече Шелтон.

За среќа, неа ја спасил нејзиниот внук Били Харди.

„Огнот беше многу висок, а стаклото пукаше”, изјави внукот.

Шелтон е спасена, но сè друго беше уништено. По пожарот, таа имала само една желба – да може нејзината Библијата да ја држи барем уште еднаш во нејзините раце.

Шелтон ја прочитала Библијата 18 пати во текот на годините. Бидејќи многу ѝ значела, пожарникарите се обиделе да ја најдат.

„Пожарникарите помогнаа да се изгасне пожарот. Оваа 90-годишна жена изгуби сè во огнот. Но, не ѝ беше важно, бидејќи ја спасивме Библијата, која ја има над 75 години “, напиша „Brosville Community Volunteer Fire & Rescue“ на Фејсбук.

„Таа беше толку среќна, што се расплака”, изјави една од волонтерките. „Таа е нашата нова баба”.

Иако Шелтон изгуби многу, насмевката на нејзиното лице, кога ја зема Библијата повторно в раце, беше непроценлива.