Велика Британија ќе евакуира критично болни деца од Појасот Газа, изјави премиерот Сер Кир Стармер, откако организациите за помош предупредија дека околу една третина од Палестинците во воено разурнатата енклава со денови се без храна.

Премиерот рече дека изгладнувањето предизвикан од Израел врз Палестинците е „апсолутно ужасно“ и сугерираше дека Владата би можела да започне со воздушен транспорт на најтешко погодените деца во Велика Британија.

„Знам дека британскиот народ е згрозен од она што се случува. Сликите од глад и очај во Газа се крајно ужасни“, рече Стармер.

„Итно ги забрзуваме напорите за евакуација на децата од Газа на кои им е потребна медицинска помош – носејќи повеќе палестински деца во Велика Британија за специјализиран медицински третман“, додаде тој во статијата за Дејли Мирор