Американските истражувања покажаа дека францускиот шлем „Адриан“ од Прва светска војна штити подобро од експлозија отколку современите модели на американскиот шлем.
Биомедицинските инженери од Универзитетот Дјук покажаа дека современите војнички шлемови не го штитат мозокот од настанати експлозии како што заштитуваат шлемовите од Првата светска војна.
Еден модел на француски шлем „Адриан“ во заштита од експлозија дава подобри резултати од современите модели, покажуваат истражувањата од Универзитетот Дјук откако неодамна Пентагон објави дека 109 од американските војници претрпеле потрес на мозокот од детонација на иранските ракети во база во Ирак.
Шлемот „Адриан“ во 1915 година бил доделен на француските војници поради заштита на главата од пад на шрапнел одозгора при детонациите над рововите.
Повредите на глава тогаш биле една од главните причини за загуба на бојните полиња, додека тој лесен шлем кој не можел да запре директен удар од пушка или митралез, имал гребен, фиксна лента од метал до врвот на шлемот во облик на превртената латинична буква „V“ наменет да ја ублажи јачината на ударот одозгора.