Според податоците од Државниот завод за статистика во 2018 година биле регистрирани 118 радиодифузери од кои 65 емитуваат радиопрограма, а 53 телевизиска програма.
Од оние кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 61 се трговски радиодифузни друштва и три се непрофитни радиодифузни установи.
Јавното радиодифузно претпријатие што емитува радиопрограма емитувало вкупно 38.014 часа, од кои најголем дел или 58 проценти музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва што емитуваат радиопрограма емитувале вкупно 529.026 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 69,9 проценти музичка програма.
Од радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 52 се трговски радиодифузни друштва.
Јавното радиодифузно претпријатие емитувало вкупно 24.022 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 26,9 проценти се документарна и образовна програма, а трговските радиодифузни друштва што емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 437.500 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 22,2 проценти играна програма.