Статуа во природна големина на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона ќе биде поставена на стадионот во Неапол, кој го носи неговото име, на 28 ноември, три дена по годишнината од неговата смрт.
Статуата ќе биде претставена пред првенствиот натпревар меѓу Наполи и Лацио, и поставена на подвижен постамент ќе мине по атлетската патека за да биде поздравена од присутните на стадионот.
Трајното место на кое ќе биде поставен споменикот ќе биде во рамки на стадионот, објавија денеска италијанските медиуми.
Марадона во Неапол има статус на икона и само неколку денови по неговата смрт во ноември минатата година, стадионот „Сао Паоло“ на кој Наполи ги игра своите натпревари беше преименуван во стадион „Диего Армандо Марадона“.
Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња го носеше дресот на Наполи од 1984 до 1991 година и на клубот од Неапол му донесе две шампионски титули во Серија А, еден италијански куп и трофеј во Купот на Уефа