Ексградоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев е нов директор на Царинската управа. Богоев, кој е и потпретседател на СДСМ, доаѓа на директорската функција на местото на Славица Кутиров која беше на чело на институцијата две години.
Предлогот за Богоев да биде на чело на Царината, попладнево минал и на седница на Влада.