Како градоначалник на општина Гази Баба имам една цел, да работам исклучиво во интерес на граѓаните и да реализирам проекти што директно ќе ги подобрат условите за живот во нашата општина.
Никогаш немам дозволено личните привилегии да бидат мотив или водилка во мојата работа, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Поради тоа, сакам да ја информирам јавноста дека и во мојот втор мандат се откажувам од користењето на службено возило кое е предвидено за користење на градоначалникот, како и од средствата за репрезентација од буџетот на општината.
Како и во изминатите четири години, така и во следните четири, сите службени обврски ќе ги реализирам со моето приватно возило, а службеното возило го отстапувам на администрацијата со цел поефикасна работа на терен.
Додека сум јас градоначалник во буџетот на општина Гази Баба нема да има место за непродуктивни трошоци. Средствата од буџетот мора да се користат одговорно, домаќински и исклучиво за потребите на граѓаните и за развој на нашата општина“, објави Стефковски.
Заедно продолжуваме да ја градиме општина Гази Баба по мерка на сите нас, потенцира во објавата Стефковски.




