Американските власти најавија дека ќе организираат „брз и цврст одговор“ кон Белорусија доколку и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за евентуален напад на Украина.
– На ист начин на кој јасно и ставивме до знаење на Русија во последните денови дека ќе плати скапо за „можната инвазија“, ние исто така јасно и ставаме до знаење на Белорусија дека ако дозволи од нејзина територија да биде нападната Украина, таа ќе добие брза и цврст одговор од САД и нивните сојузници, предупреди портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Минатата недела Вашингтон изрази загриженост поради плановите за уставна реформа во Белорусија што ќе овозможи распоредување на руско нуклеарно оружје во земјата што граничи со Украина и Полска.