Стејт департментот синоќа посочи дека Кина сака да го смени актуелниот меѓународен поредок и можностите на Пекинг за достигање на таа цел се зголемуваат.
Во твит на заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, исто така се признава дека Пекинг поседува потенцијал за реализација на таа цел.
– Кинеската Народна Република е наш единствен конкурент кој не само што има намера да го прекрои актуелниот меѓународен поредок, но и поседува сѐ поголема економска, дипломатска, воена и технолошки моќ за реализација на таа цел, се вели во изјавата на Пател.
Односите меѓу САД и Кина се тензични, меѓу другото и поради Тајван, остров кој Кина го смета за дел од својата територија. Меѓу двете супер сили се води натпревар и за технолошка предност.