Стејт департментот синоќа најави дека ќе ги олесни контактите меѓу американски и тајвански претставници, со што ќе му пркоси на кинескиот притисок за време на период на тензии во односите меѓу двете суперсили.

– Овие нови правила ги релаксираат упатствата за контакти со Тајван, во согласност со нашите неформални односи, нагласи Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот.

Оваа недела Кина организираше воени вежби во близина на Тајван, во кои учествуваат носачи на авиони, како што наведоа, со цел да се заштити суверенитетот, бидејќи Пекинг го смета Тајван за своја територија.

Во соопштението на морнарицата не се наведува кога започнале вежбите и колку ќе траат, но се вели дека во иднина ќе има повеќе такви вежби.