Американскиот Стејт департмент ги повикува сите земји во светот ефективно да ја имплементираат борбата против корупцијата и да ги почитуваат антикорупциските повелби на ОН.
Меѓународниот ден на борба против корупцијата не обрзува да продолжиме со сите наши партнери во превенција на коруптивните активности и борба против корупцијата, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент.
– Корупцијата го помага меѓународниот криминал, тероризмот, спречува економски развој и владеење на правото и ја поткопува демократијата, се наведува во соопштението, при што се додава дека корупцијата претставува закана и за американската национална безбедност.
Стејт департментот нагласува дека САД преку американската Агенција за меѓународен развој им помагаат на земјите партнери да изградат транспарентни и одговорни институции и да го зајакнат својот судско-правен систем за прогон на криминалците.
– Ги поддржуваме граѓанскиот сектор и новинарите кои ја откриваат корупцијата и ги држат политичарите и другите актери одговорни пред законите. Помагаме проекти за враќање на украдените буџетски средства и ги поддржуваме граѓанските иницијативи за борба против ова зло. Спречуваме корупција со поддршка на глобални иницијативи за зајакнување на доварбата на граѓаните во државните органи и ова води кон поголема глобална безбедност, наведува Стејт департментот.