Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на систем за крајбрежна ракетна одбрана (NOMADS) и сродна опрема на Бугарија, во вредност од околу 620 милиони долари (околу 530 милиони евра), соопшти Пентагон.

Во соопштението на Пентагон, објавено од Ројтерс, се наведува дека системот за ракетна одбрана ќе го обезбеди „Конгсберг Дифенс“, кој е водечки норвешки добавувач на одбра.

НОМАДС е мобилен систем за воздушна одбрана за распоредување поблиску до и на фронтовската линија и се користи за одбрана од беспилотни летала и крстосувачки ракети.