Познатиот британски стенд-ап комичар Ијан Когнито почина на сцена за време на својот перформанс, лежејќи така пет минути, а публиката мислела дека тоа е дел од неговата програма.
Шеесетгодишниот комичар за време на својата шоу програма седел на столица, почнал тешко да диши, а потоа паднал и така лежел пет минути.
Публиката цело време се смеела, но никој не насетувал дека нешто не е во ред.
Ендрју Брд, кој го води „Lone Wolf Comedy Club”, изјави дека Когнито не се чувствувал добро, но инсистирал да настапи.
– Како и секогаш беше гласен… Мислев дека во тој момент има многу добар настап, истакна Брд.
Тој нагласи дека комичарот во текот на настапот се шегувал со своето здравје, па дури во еден момент и рекол на публиката: „Замислете да починам тука пред вас!“.
Брд бил прв кој дошол до комичарот кога забележал дека нешто не е во ред.
– Очекував во секој момент да каже „Бу“, изјави Брд.
Веднаш била повикана итна медицинска помош, која само констатирала дека Когнито починал.