Првпат во С.Македонија, заедно со доносителите на одлуки, заедно со сите експерти сме собрани на едно место да може отворено и со приближени ставови да разговараме. Ставовите на граѓанскиот сектор многу пати ги искажавме и преку операција „Ослободување“, и секоја од организациите посебно, дека наша главна и примарна цел се интересите на граѓаните. Граѓаните да имаат олеснет, легален и не скап пристап и секако мора да биде контролиран со оглед на постојната меѓународна регулатива која се уште мора да ја почитуваме како држава. Меѓутоа, да биде олеснет и да може да се користи за здравствени состојби или за целта за која ја употребуваат.
Ова денеска го соопшти извршната директорка на Невладината организација од ХОПС Хајди Стериовска во интервјуто за „Утрински брифинг“. Стериовска е член на работната група за легализација на канабисот и смета дека концептот ќе предвидува тргање на репресивните мерки со воведување на социјално- здравствени и економски мерки.
-Во јавноста циркулираат неколку изрази, декриминализација, депенализација, легализација, секое од тие изрази си има свое значење. Меѓутоа, концептот на декриминализација значи, декриминализација не значи само бришење или менување на одредбите во кривичните закони, тоа претставува на некој начин како модел или концепт на политика на една држава којашто ќе подразбира освен тргање на репресивните мерки, воведување на здравствено-социјални и економски мерки, што ќе олеснат легална достапност на возрасните луѓе до канабисот, изјави Стериовска.