Во дворот на црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто, пред споменикот посветен на паднатите борци за слободата на Македонија, се одржа достоинствен молебен, организиран од организацијата „Обединети Македонци“, објави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на покана на „Обединети Македонци“ е во посета на Канада.
– Во знак на почит, цвеќе положија македонски организации „Обединети Македонци” и Леринското друштво од Канада, а ми беше особена чест заедно со претседателот на „Обединети Македонци“, Ристо Дурловски, да положиме свежо цвеќе пред споменикот на оние што дадоа сè за нашата Македонија, стои во објавата.
Илинден не е само историја – тој е жив пламен што ја гори нашата национална свест и ни покажува дека слободата не се добива – се изборува, напиша Стерјовски.
Фото: Стерјовски ФБ