Ова е пописен геноцид врз Македонците, велат од партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“ (МАЕИ) во Албанија, која не ги признава резултатите од последниот попис во оваа соседна држава во кој бројот на македонското малцинство е преполовен, во споредба со претходните пописи на населението. Бројките се манипулативни, нелегитимни и направен е груб фалсификат, вели првиот човек на паријата Васил Стерјовски, објавува Телма.
„Ова е чист фалсификат, фактички албанските власти соработуваа со бугарските власти за да направи еден пописен геноцид за асимилација на Македонците во Бугарија. Бројките се невистините, ова е инженеринг направен од државниот завод за статистика на Албанија“, вели Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Стерјовски вели дека е недозволиво македонската заедница да биде колатерална штета на патот на Албанија кон ЕУ. Обајснува дека тоа е направен со признавање на непостоечеко бугарско малцинство во 2017 година, по што започна агресивната кампања за асимилација на Македонците од страна на Бугарија, со донации, поткупи и понуди за бугарски пасоши. За време на пописот Македонците се соочиле со засилени притисоци од страна на бугарските власти, но и екстремистички групи дојдени од Бугарија.
„Со самиот почеток на пописот во сите делови каде живеат Македонците доаѓаше бугарскиот амбасадор и агитираше. Се јавуваа и од бугарската амбасада да се закануваат дека сите кои нема да се изјаснат Бугари ќе им се одземат бугарските пасоши или, пак, ќе запре процедурата за издавање бугарски пасоши“, додава Стерјовски.
Од партијата веќе испратиле писма до сите странски амбасади и до Советот на Европа, а бараат обвинителство на Албанија да го истражи пописниот фалсификат и притисоците врз македонското население.
Специјалното обвинителство за организиран криминал да ги истражат сите наши жалби, затоа што ќе се открие како албанските и бугарските инженери работеа на овој пописен инженеринг, вели Васил Стерјовски.