Се повеќе германски провинции ги фрлаат вакцините во ѓубре, а сега планот е да се донира вишокот на посиромашните земји, наведува Дојче веле.
Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени“, и тоа само во јули.
„Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на падот на подготвеноста на населението за имунизација“, соопшти баварското Министерство за здравство, пренесува „Дојче веле“.
Во Баден-Виртемберг, рокот на траење на 4.000 дози Астра Зенека истече на крајот на јули, поради што тие беа „прописно уништени“, наведува Министерството за здравство.
Во Северна Рајна-Вестфалија, датумот на истекување на 350 дози Астра Зенека истече минатиот викенд, па тие беа „прописно отстранети“. Министерството тврди дека ова е прв таков случај од оваа германска провинција.
Дозите што не им се потребни, а рокот се уште не е истечен, провинциите ги враќаат на федералната влада.
Хамбург сака да врати 6.000 дози Астра Зенека во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози.
Во Германија, целосно се вакцинирани 54,2 отсто од 84-те милиони жители, а дадени се вкупно 94 милиони дози од вакцините.
Последниот дневе извештај вели дека во Германија биле откриени 1 266 позитивни лица на корона вирусот, а во тој 24 часовен звештај не се пријавени починати лица.
Во Македонија со две дози се вакцинирани се близу половина милион жители.