Позната британска музичка ѕвезда Стинг на 2 јуни следната година ќе одржи концерт на стадионот „Филип Втори“.
Ова ќе биде втор концерт на планетарно популарниот пејач во Скопје, по настапот во „ВИП Арената“ во октомври минатата година.
Новиот концерт е во рамки на турнејата „My Songs“, која во суштина претставува избор на неговите најпопуларни нумери, Стинг, според најавите на организаторот, ќе понуди „едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Полис“ и од соло кариерата