Музичката легенда Стиви Вондер, на концертот кој го одржа минатата ноќ во Лондон, откри дека го чека трансплантација на бубрег.
„Јас сум добар, имам донатор и сè е во ред”, рече Вондер на концертот што се одржа на музичкиот фестивал „Бритиш самер тајм Хајд Парк“ во Лондон.
По пеењето на песната „Суперстишн”, тој и се обрати на публиката и рече дека сака да ги спречи гласините што се шират за неговото здравје.
The moment, this evening at Hyde Park, Stevie Wonder told us why he would be taking a break from performing…. pic.twitter.com/pwfjnczGKx
— Aleem Maqbool (@AleemMaqbool) July 6, 2019
„Сакам да знаете, дојдов да ве поздравам и да ви се заблагодарам за љубовта. Ве сакам и Бог да ве благослови”, рече тој.
Тој додаде дека операцијата ќе биде во септември, а дотогаш ќе има уште неколку концерти.
Обожавателите го испратија од сцената со силен аплауз и овации, а поддршка на концертот му беше неговиот пријател Лајонел Ричи.