Во Германија започнало судењето на Хрватот, Стјепан К. (63) кој е обвинет дека меѓу 2013 и 2017 година противзаконски се стекнал со 425 000 евра работејќи како чистач во јавен тоалет на главната железничка станица во Минхен.
Тој е обвинет дека со партнеркаѕа Јадранка М. ги празнел автоматите за плаќање за користење на јавниот тоалет. Неговата партнерка е осомничена дека му го давала клучот од апаратот, но таа тврдела дека не знае ништо за кражбата.
Минатата година полицијата ја претресла нивната куќа во Минхен и пронашла викоквалитетен детергент и повеќе од 12 000 железни евра.
Со украдените пари, Стјепан купил куќа во Хрватска и луксузен лексус, пишува Билд.