Лидерот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ, кој е пратеник од редовите на опозициската коалиција, обвини дека нападот врз Љупчо Палевски е обид за убиство.
„Ја познавам неговата здравствена состојба и слободно можам да кажам дека нападот врз Палчо не е обично насилство, туку брутален обид за убиство!“, напиша Стоиљковиќ на ФБ.