Министерот за односи помеѓу заедниците Иван Стоилковиќ за ТВ Канал 5 вели дека бројката на вработени во оваа институција е 294 лица, од кои 281 биле видливи, а 13 биле дополнително дадени.
Според Стоиљковиќ се направило обид тие луѓе воопшто да не се прикажат дека биле вработени. Според Стоиљковиќ во ова министерство има вработено околу 56 отсто Албанци и околу 33 отсто Македонци, но кога ќе се направи увид во документите од тие 294 луѓе само 5 се Македонци.
Албанци се декларирале како Македонци, а има и еден случај каде еден се декларирал како Србин само да се вработи.
– 99 луѓе се изјасниле како Македонци иако очигледно припаѓаат на албанската национална заедница. Така да националната струкура на министерството е дека 91 отсто се припадници на една етничка заедница и 5 Македонци. За време на министерувањето на Артан Груби тука околу 3.000 враборувања поминале на овој начин и се распоредени по државните институции. Ако ова било случај како последното вработување ако голем број се изјаснувале како Македонци само за да бидат вработени, така балансерот давал податоци, тогаш да не ги враќаме наназад тие 3.000 вработувања ќе направам завршен попис, имам право на такво нешто, вели Стоиљковиќ