По повод празникот Божик, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати искрени честитки до сите верници од христијанска вероисповед.

-Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија. Божиќните празници нека придонесат кон продлабочување на семејните и општествените вредности, негување на солидарноста и унапредување на меѓусебното разбирање. Во духот на празникот, посакувам овие денови да бидат исполнети со стабилност, лична и семејна благосостојба и уверување дека преку соработка и одговорност можеме да придонесеме за напредок и заедничко добро. На сите верници им посакувам добро здравје, мир и достоинствено празнување на Божиќ. Христос се роди! Вистина се роди! Нека е честит и благословен Божик, порача потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

Фото: Архива