Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николовски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денес во Белград остварија средба со претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ и со министерот Томислав Момировиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
-На средбата се разговараше за можностите за натамошен развој на пријателските односи, потпирајќи се на заедничката историја и блиските културни врски. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка, со заемно задоволство што во Собранието на Република Македонија е формирана парламентарна група за пријателство со Србија. Оваа иницијатива дополнително ќе ги зајакне политичките и дипломатските односи, обезбедувајќи нови можности за подобрување на билатералниот дијалог, се наведува во соопштенеито по средбата.
Брнабиќ го истакнала значењето на Македонија како економски партнер на Србија, како на полето на надворешната трговска и инвестициска соработка а се разговараше и за Протоколот потпишан во Скопје, кој овозможува воспоставување слободен пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан, што ќе придонесе за подобрување на деловното опкружување и решавање на проблемот со недостигот на работна сила“.
-Вицепремеирот Стоилковиќ, исто така, изрази задоволство од зајакнувањето на соработката и истакна дека силните и постојани врски меѓу двата народи претставуваат солидна основа за натамошно унапредување на соработката на сите нивоа. Тој додаде дека активно ќе работат на учество на претстојниот светски изложбен настан ЕКСПО 2027, што ќе биде уште еден важен чекор за подобрување на меѓусебните односи и промоција на регионот, се наведува во соопштението.
На крајот од средбата беше заклучено дека двете страни ќе се фокусираат на реализација на конкретни проекти и иницијативи, со цел понатамошна интеграција и подобрување на односите меѓу Србија и Македонија, што ќе придонесе за регионалната стабилност и просперитет.
По средбата со Брнабиќ, македонската делегација предводена од вицепремиерот Стоилковиќ имаше средба и со минстерот за внатрешна и надворепна трговија Томислав Момировиќ, на која е потврден заклуќокот дека меѓу двете држави нема отврени прашања и дека фокусот треба да се стави на економијата.
Од страната на Владата на Р Србија уште еднаш се потенцираше поддршката за учеството на РС Македонија на ЕКСПО 2027. Исто така, министерот Момировиќ ја иницираше потребата од средба на стопанските комори на двете земји како приоритет во блиска иднина, што беше потврдено и од наша страна.