„Јасни се пораките и еве да му одговорам на Али Ахмети и неговите пораки што ги испраќа дека они биле про ЕУ и они ќе не внеселе во ЕУ и дека тоа биле фронт за Европа. Јасни се пораките од ЕУ да се престане со лажење и злоупотреби, партизација т.н кронизам. Тоа е еден дел од корупцијата каде се поставуваат партиски директори, функционер колку да е функционер“, рече Стоилковски вечерва во гостувањето на Радио Лидер.
Тој истакна дека законот треба да е еднаков за сите.
„Прашањето е зошто холандскиот амбасадор и што е пораката што холандскиот амбасадор оди кај Али Ахмети да разговара за политичкиот притисок врз Врховниот суд?“, запраша Стоилковски.
Стоилковски истакна дека ова е јасна порака од два аспекти.
„Прво за тоа дека ова е изворот на политичкиот притисок врз Врховниот суд и состојбите во судството и второ зошто оди директно таму, а не седне прво со премиерот во државата“, заклучи Стоилковски.