Неверојатно но вистинито, но додека јавноста се уште очекува расчистување на аферата „Крвав тендер“, а во полн ек е скандалот за префрлањето на 3 милиони евра од Клиниката за хематологија во семејната компанија на директорката на истата клиника, незаменливиот Венко Филипче повторно се поврзува со нова афера. Овој пат со снабдување, со донации на лекови со кус рок, обелоденува Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, како што рече Стоилковски, министерот Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски Сојуз. Ваквите донации, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување на истите лекови. Затоа сега јавноста овој факт го поврзува со прашање со скандалот со распределбата на инсулин со кус рок во Република Македонија.
„От
тука, Министерот Филипче мора да одговори дали е донација инсулинот со многу кус рок на важност распределен на пациентите кои што се на инсулинска терапија во Република Македонија? Дали невладината организација со која директорува Филипче е „изворот“ на инсулинот со кус рок поделен на пациентите?
Колку чини уништувањето на инсулинот со кус рок по нивниот истек на рокот? Дали додека турка непотребен проект тежок 35 милиони евра буџетски пари, пациентите ќе се лечат со донации“?, прашува Стоилковски
Тој истакнува дека „Филипче е рак рана на македонското здравство која мора веднаш да биде отстранета. Неприфатливо е ништо помалку од оставка и смена на Венко Филипче“.